Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека „Фиат“ останува во Србија и по десетгодишниот договор и најави дека следната недела ќе има состанок со менаџментот на компанијата.
Брнабиќ за РТС рекла дека не постои причина за сомнеж дека „Фиат“ ќе го прекине работењето во Крагујевац.
Додала дека замолила да се закаже надзорен одбор за да се разговара за идните планови на компанијата.
„Во постојана комуникација сме и наскоро ќе имаме дополнителни информации кои ќе ги објавиме“, рекла Брнабиќ.
Договорот меѓу српската Влада и „Фиат“ истекува на 29 септември.