„Nestle“ соопшти дека ги испитува стратешките опции за бизнисот со производи за кожата, истакнувајќи дека делот што некогаш се го сметале како „ѕвезда“ која ќе расте, па можеби ќе постигне подобри резултати надвор од компанијата, пренесува „Ројтерс“.
По стратешкиот преглед претходно оваа година Одборот на директори на „Nestle“ одлучи да го зајакне фокусот на швајцарскиот производител на прехранбените стоки, пијалоците и здравите прехрамбени производи.
Одлуката доаѓа откако компанијата беше подложен на притисок од хеџ фондот „Third Point“, управуван од инвеститорот Даниел Леб, да преземе повеќе смели и брзи промени.
„Одборот стигна до заклучок дека можностите за иден раст на „Nestle Skin Health“ се кријат повеќе надвор од стратешкиот опсег на групата. Затоа Одборот одлучи да ги истражуваат стратешки опции за „Nestle Skin Health““, се вели во соопштението на најголемиот производител на храна во светот.
Бизниси со производи за кожата на „Nestle“ продава десетици различни производи со или без рецепт и во форма на корективни или естетски производи кои се користат од страна на лекарите.
„Зајакнувањето на стратешкиот фокус на основниот бизнис на „Nestle“ со храна, пијалаци и здрави прехранбени производи ја нуди најдобрата шанса за долготраен раст и одговара целосно на целта, која компанијата ја бара“, изјави претседателот на „Nestle“, Пол Булке.
Бизнисот кој компанијата го создаде во 2014-та година, кога го купи делот на „L’Oreal“ во „Galderma“, обезбедува работа на 5.000 лица и постигна продажба во вредност од 2,7 милијарди швајцарски франци (2,79 милијарди долари) во 2017-та.
Единицата бележи потешкотии во последните години, откако „Nestle“ скрати 450 работни места во еден од научно-истражувачките центри во Јужна Франција во минатата година. Слабата продажба ја принудија компанијата да ја затвори и својата фабрика во Швајцарија во август минатата година.