Сè уште се бара модел со кој ќе се намалат патните трошоци на пратениците. Иако Законот за плати и надоместоци на избрани функционери претрпе измени пред два месеци, пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска- Ременски, вели дека сè уште се работи на правилникот со кој треба дополнително да се намалат парите кои ги добиваат пратениците. Него треба да го одобрат Спикерот на Собранието и Генералниот секретар. Во меѓувреме и покрај големиот притисок од јавноста дека пратениците земаат огромни суми за патни трошоци, сè уште нема драстични измени и кратења по тој основ. Ременски вели дека освен пратениците, од кратење на патните трошоци не треба да бидат поштедени ниту владините функционери.
-Знам многу случаи кои се многу поекстремни од она што го имавте објавено во јавноста како трошоци на пратениците, изјави Фросина Ташевска-Ременска, пратеник.
А, буџетскиот совет на Собранието денеска имаше срдба со претставници од Меѓународниот монетарен фонд за начинот како народните избраници ја одобруваат државната каса.
-Како слабости од страна на Собранието се детектирани, а тоа е неупатеноста на сите пратеници да го читаат Буџетот и да го толкуваат имајќи во предвид дека сите пратеници не се економисти и не доаѓаат од области коишто покриваат економија и финансии, рече Ременски.
Препораките од ММФ биле дека е потребно навремено вклучување на пратениците во фазата на креирање на буџетот, за да не дојде ситуација, кога тој ќе стигне во Собранието, пратениците првпат да го гледаат.
AlsatM.mk