Мозаик 26.09.2018 22:53

Мис Украина останала без титула, откриена тајна која ја скрила од организаторите

Мис Украина останала без титула, откриена тајна која ја скрила од организаторите

Мисот на Украина Вероника Дидусенко останала без освоената титула бидејќи од организаторите скрила важна информација за својот приватен живот.

Таа скрила дека има дете во пријавата за изборот на убавина, но организаторите и комисијата дознале и ја дисквалификувале.

Според правилата за националниот избор на убавица, кандидатките не треба да имаат деца. Поради тоа, Вероника го губи и правото за учество на изборот за Мис на светот, што ќе се одржи во Кина.

Она што треба украинската комисија да го одлучи за кратко време е дали првата придружничка ќе ја добие титулата или повторно ќе се организира избор.