Синдикатот и референдумското прашање – ова е точка од дневниот ред од седницата на Претседателството на ССМ закажана за денеска. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, за кој имаше реакции дека е партиски поставен пред два дена закажал седница за денеска, на која референдумот го става како точка на дневен ред.
Членовите на ССМ реагираат. Велат ваквата одлука е спротивна на статутот на Сојузот на Синдикати на Македонија и обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води.
-Државно именуваниот и партиски поставениот „претседател“ на СДСМ-ССМ, Дарко Димовски без никаков срам и спротивно на сите начела и структури на дејствување на синдикатите низ светот, и спротивно на статутот на ССМ, прави скандалозен обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води. Постапувајќи по партиска директива, очигледно враќајќи долгови за извршената услуга кон СДСМ, референдумското прашање го поставува на седница на претседателството на СДСМ. Ова е уште еден скандал, покрај партиското делење на простории на ССМ на функционери на СДСМ, познат како случај Рагуза, за кој неодамна имаше натписи во медиумите во Македонија. Ваквото политизирање и партиски притисок се тотално спротивни на автономијата на синдикалното движење и претставува уште еден обид за тотална партизација на ССМ, спрведена од партиски поставениот Димовски, реагираат дел од членовите на Синдикатот.
Инаку, ова претставува и прекршување на внатрешните односи, одлучување и одговорност, во осмата глава од статутот на ССМ под точка 4 се вели следното:
-Со мнозинство од членовите на органот се донесуваат одлуки за: колективно договарање, генерален штрајк, заеднички акции или други форми на јавен притисок, заради заштита на економските и социјални интереси, членарина и имот, измени и дополнувања на Статутот, прием на нова членка на ССМ и исклучување на Синдикатот од членство во ССМ.