Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ предупредува дека поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.
На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.