Актуелно 28.09.2018 17:48

Во рок од неколку дена втор тендер на Владата: За авиобилети ќе бидат потрошени 345 илјади евра

Во рок од неколку дена втор тендер на Владата: За авиобилети ќе бидат потрошени 345 илјади евра

Втор тендер на Владата во рок од неколку дена за набавка на авиобилети. На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Така во огласот во делот предмет на договорот за јавна набавка стои набавка на авиобилети со проценета вредност на договорот од 1.271.186 денари, односно нешто над 20 илјади евра.

Во техничката спецификација за тендерот е наведено дека ќе биде потребна 24-ри часовна дежурна линија за ургентни резервации и секогаш кога ќе биде побарано користење на аеродромскиот ВИП – клуб да биде обезбедено бесплатно, за патниците во бизнис класа.

 

Да потсетиме, КУРИР вчера објави дека Владата на Република Македонија ќе потроши 20 милиони денари за авиобилети. Огласот за јавната набавка е објавен на 19 септември, а крајниот рок за доставување понуди е 05.11.2018.

Како што е наведено во електронскиот систем за јавни набавки, предмет на договорот е резервација на авиобилети. Договорен орган е Генералниот секретеријат на Владата на Република Македонија.

 

Предмет на овој договор за јавна набавка претставува услугата резервација и набавка на авионски билети во бизнис и економска класа за службени патувања на вработените во Владата на Република Македонија.

Со овој тендер како и тој кој го објавивме вчера јасно е дека Владата ќе потроши околу 345 илјади евра, пари на граѓаните.