Актуелно 30.09.2018 10:06

Забележани први инциденти на гласачки места

Забележани први инциденти на гласачки места

Екипата на 1ТВ штотуку информираа дека во населбата Ново Лисиче приведено е едно лице од страна на полициските службеници. Според нашите информации, лицето започнало вербална расправија со службените лица распоредени на избирачко место.

Другата екипа која е распоредена кај ОУ „Лазо Ангеловски“ јавува за физичка пресметка меѓу полицијата и група граѓани. Според информациите лицата се приведени и однесени во полициска станица. Групата наводно нападнала и една жена на гласачкото место.