Правниот лавиринт создаден од Зоран Заев покажува како државно земјиште под владение на општината завршува во рацете на братот на премиерот Зоран Заев.
На акуцијата за земјиштето што ја прави Зоран Заев се јавува бизнис партнерот на Заеви, Сашко Брндевски кој го купува земјиштето на аукција каде има единствена и најниска понуда. Тој уплаќа цели 700 илјади евра како физичко лице на сметка на општината и се стекнува со 8 парцели каде општината дозволува да се градат 8 нови седумкатници. Тој прави договор со фирмата на Вице Заев кој се потпишува во име на компанијата Тотал Инжинеринг, а Зоран Заев како градоначалник дава одобрение за градба.
Продажната вредност на парцелите е околу 2 милијарди денари, а Сашко Брндевски на Вице Заев му го отстапува земјиштето од една од парцелите за стан од 40 м 2. Тоа дава сериозен основ на сомнеж дека Брндевски е само параванот зад кој се кријат Заеви.