Од прилика, нашата анализа покажува дека повеќе од педесетина илјади гласа на ова референдумско изјаснување, се гласови кои што на насилен, девијантен пат се брутално полнети во кутиите каде што нормално треба избирачите поединечно да ги стават, односно се полнети кутиите, вака народски кажано, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.
-Ако оваа бројка се додаде на онаа бројка која што ја кажа Зоран Заев, тогаш ние ќе добиеме една бројка на гласови која што е под секаков минимум, но тоа не загрижува толку, колку што загрижува дрскоста на политичарите, на политичките елити што ја водат Владата на РМ, да се дрзнат и да влезат во една ваква авантура, односно во процес каде што ќе ја вратат Македонија повторно во 90-тите години, кога револвераши беа присутни на изборните места и кога правото на секој граѓанин не беше загарантирано, туку беше под присила остварувано. Тоа нас ни се случуваше во текот на вчерашниот изборен ден, рече Мицкоски и додаде:
„Денес имав неколку телефонски разговори со луѓе кои што како набљудувачи на невладини организации беа присутни таму и сведочеа за она што се случуваше во некои општини. Втор пат по ред, но ова е еклатантен пример и сето ова ќе го документираме и ќе ја запознаеме меѓународната заедница што се случуваше вчера во Македонија. Така што, наместо да се срамат што и го направија ова на Република Македонија, вчера ги гледам со полунаведнати фаци, со обесени носеви ѝ ја објаснуваат на Македонија веселата математика на Зоран Заев. За жал, таа математика ја врати Република Македонија повторно во 90-тите, во времето на револверашите“.