Претседателот Ѓорге Иванов го оцени како неуспешен референдумот за договорот меѓу Македонија и Грција за промена на името. На својот прв настап по референдумот, Иванов побара од пратениците во Собранието да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.
“Реалноста е дека референдумот не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност. Не ја потценувајте суверената волја на македонскиот народ. Не може да се зборува за волја на мнозинството во услови кога не е исполнет законскиот цензус за референдум. 36,9% излезност не е волја на народот, туку 63,1% кои не излегоа. Колку и да извртувате, не можете да ја промените реалноста. А реалноста е дека референдумот е неуспешен. Време е за одговорност пред македонскиот народ”, рече Иванов.