“Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдел Азиз ел Сауд не би можел да се одржи на власт без помош од САД”, рече американскиот претседател Доналд Трамп, барајќи пари од монархот за присуство на американската војска во земјата.
Трамп повторно го покрена прашањето за надокнада на трошоците за присуство на американската војска на територијата на некои земји, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија.
– Саудиска Арабија е богата, нели? – праша американскиот претседател.
– Го сакам кралот Салман. Но, му реков – ние ве штитиме, можеби нема да бидете на власт ни две недели без нас – мора да платиш за твојата војска”, рече Трамп.
Според Пентагон, американската војска се наоѓа во близина на Ријад и ги обучува локалните сили.