Актуелно 03.10.2018 23:05

Бојаџи: Невиден фашизам, Владата сака да го спречи фестивалот „КинеНова“ поради премиерата на „Ругање со Христос“

Бојаџи: Невиден фашизам, Владата сака да го спречи фестивалот „КинеНова“ поради премиерата на „Ругање со Христос“

Власта прави се за да го спречи одржувањето на филмскиот фестивал „КинеНова“, поради одржувањето на премиерата на македонскиот филм „Ругање со Христос“, напиша Јане Бојаџи на својот Фејсбук.

Бојаџи објаснува дека Власта со тоа што одлучила таа да ги продава билетите за премиерата на филмот, а на организаторите да им даде само десет покани, прави невиден преседан во историјата на македонската кинематографија.

Ви го пренесуваме целосно статусот на Бојаџи:

Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот „КинеНова“ а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм „Ругање со Христос“! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом „десет“ покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на „илјадагодишниот рајх“ на ваков начин! Ова е „антисемитизам“ со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – „земете или оставете“! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има!

Почитувани,

Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!