Дури и ако не сте љубител на кафе, откако ќе ви откриеме што може да направи за вашиот изглед – ќе го промените мислењето.
Ви носиме три примери како кафето може да се искористи за негата на лицето, кожата и телото.
Кафе за нега на лице
Преполно антиоксиданси, кафето е одличен сојузник во борбата против бори и ја штити кожата од штетите предизвикани од слободните радикали, воздухот, цигарите и алкохолот.
Направете сами: Помешајте две кесички свежо мелено кафе со две лажици какао во прав, три лажици полномасно млеко и една лажица мед. Нанесете тенок слој од препаратот на лицето и оставете го да делува 15 минути. Измијте се со топла вода.
Кафе за убава коса
Поради кафето вашата коса ќе биде извонредна и лесна, а ако директно ја нанесете на темето, кофеинот ќе ги стимулира фоликулите и така ќе го забрза нејзиниот раст.
Направете сами: Подгответе си чаша силно кафе и во неа додадете ½ чаша вода. Дозволете да се олади и премачкајте ја течноста на косата и темето и завиткајте ја косата со пластична кеса или фолија. Дозволете да отстои 20 минути и измијте ја косата со млака вода.
Кафе за нега на телото
Веројатно од искуство знаете дека кафето функционира како диуретик. Доколку се одлучите кафето да го намачкате на телото, слично ќе функционира – ќе ви ги отстрани вишоците на течности и привремено ќе ви ја намали видливоста на целулитот.