Coca Cola го прослави својот 132 роденден. Приказната за најуспешниот бренд на денешницата е
вистинска бајка за еден тежок почеток, многу сомнежи, но и оригинални бизнис потези во вистинско
време. Во продолжение забавувајте се 15 интересни факти од легендарната приказна за “taste the
feeling”
- Оригиналната формула за Coca Cola е создадена од Џон Пембертон, американски фармацевт,
и првата продажба е направена на 8 Мај 1886 година во аптеката Jackobs’ Pharmacy во Атланта
по цена од 5 центи - Инаку слатката напивка се продавала како лек кој помагал во лечење на зависност од морфин,
проблеми со варењето, нервни наружувања, главоболки, дури и импотенција. - Првата година од лансирањето на Coca Cola се продавале по 9 шишиња дневно. Денес во светот
се продаваат по 1,9 милијарди пакувања од производите на The Coca Cola Company. - Портфолиото на оваа мултинационална компанија вклучува 4.100 производи, и повеќе од 500
бренда, од кои 21 остваруваат годишна продажба над една милијарда долари. - Сепак на почетокот продажбата не само што одела слабо, туку Coca Cola вовела купони со
бесплатни примероци за дегустација на новата напивка на пазарот. - Франк Робинсон е човекот кој ги измислил купоните со бесплатни примероци, но и дизајнер на
логото на најпрепознатливиот бренд на денешницата. - “Зделка на 19” век така се нарекува првата продажба на правата за флаширање на Coca Cola и
чинела само еден долар. - Канада, Куба и Панама се првите три земји надвор од САД кои почнале со лиценцирано
производство на Coca Cola во 1906 година. - Coca Cola за прв пат се појавува на азискиот пазар, преку Филипини кои во 1912 година
започнуваат со првично флаширање на пијалокот - Coca Cola станува препознатлив и успешен бренд дури во 1977 година
- Поларната мечка која стана заштитен знак на рекламите за Coca Cola е вистинска и може да се
види во “Светот на Coca Cola” во Атланта - Уште еден комерцијален изум од Coca Cola е пакувањето од по 6 пијалока, кое е воведено е во
1923 година со цел луѓето почесто да ја конзумираат - До средината на минатиот век компанијата имаше само еден продукт. Во 1955 година во Италија
е презентиран вториот бренд, Fanta. - Од 1982 година компанијата ја преставува Diet Coke, која веднаш прераснува во најпродаван
нискокалоричен безалкохолен напиток, и така останува до ден денес. - Coca Cola е и првиот напиток што е испробан во вселената, од астронаутите на Challenger.