Регионалниот центар Југ до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Р.М.(47) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,Криумчарење на мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот Законик на Р.М. Пријавениот како што е објавено во Извадокот на дневни настани на МВР вчера во 02.00 часот на регионалниот пат Гевгелија – село Негорци пред бензинската пумпа на влезот од село Негорци во патничко моторно возило “Сузуки” со велешки регистарски ознаки прифатил и почнал да превезува седум мигранти од Авганистан на возраст од 18 до 38 години кои биле со илегален влез и престој во Р.Македонија. Околу 02,30 часот во село Прдејци од страна на полициски службеници возилото е сопрено и во истото се пронајдени лицата.