Најкусиот временски период на платено отсуство е во САД, каде новите мајки добиваат само два месеци да останат дома, со своите бебиња.
Од друга страна, Естонија нуди и над една година платено породилно отсуство – со што стана земја со најголеми бенефиции за трудниците. Бугарија, Унгарија, Јапонија, Литванија, Австрија, Чешка, Летонија, Норвешка, Словачка и други даваат по една година породилно отсуство.
Во дури 19 од 41 држава, поголемиот дел од платеното отсуство се однесува на породилното, а во 31 земја и татковците имаат право на отсуство. Сепак, нивното право е поскромно- во просек две седмици.
Исклучок се Јапонија (30 недели) и Јужна Кореја (16 недели). Португалија, Луксембург и Норвешка даваат околу два месеци на новите татковци.
На Кипар, Израел, Турција, Ирска, Швајцарија и Нов Зеланд – платеното отсуство се однесува на раѓање и грижа за детето, но отсуство не е овозможено за татковците.