Живот 12.10.2018 16:42

Утринскиот секс има поголем ефект од 5 шолји кафе

Утринскиот секс има поголем ефект од 5 шолји кафе

Утринскиот секс ја поттикнува работата на крвотокот, а со тоа и продуктивноста и задоволството. Поради тоа, акцијата во кревет наутро е многу здрав почеток на денот.

Со оглед на тоа што кога сè уште сте сонливи, не сте расположени за претерана „гимнастика“, положбата „crème brulee“ е идеална!

Малку напор, големо задоволство
Оваа положба нуди можност за длабока пенетрација, слична е на класичната „кучешка поза“, но останувате да лежите во положба на лажичка.

Подигнете ги рацете над главата и свиткајте ги нозете. Нека не бидат една до друга, туку нека бидат благо раздвоени. Партнерот може со својата нога да ви го опфати колкот, а долната нога да му остане испружена. Така може да ве држи за колкови и да продре во вас.

За време на сексот може да ве милува по телото со рацете. Оваа поза е многу сексуално интензивна, а не морате да се напрегате физички. Тоа го прави утринскиот секс уште подобар.

Делува подобро од кафе
Кога се движиме, го поттикнуваме производството на хормонот за среќа, а истото се случува и за време на сексот. Добрата волја на работа ќе ви биде загарантирана, а стресот и здодевните колеги нема да ви пречат толку. Научниците исто така откриле дека утринскиот секс делува подобро од пет шолји кафе, па затоа се препорачува понекогаш да го изоставите кафето и да ја пробате позата „crème brulee“.

Најнови вести