Актуелно 17.10.2018 22:43

Василевска: Заев ќе одговара за пазарењето со човечки животи

Василевска: Заев ќе одговара за пазарењето со човечки животи

Зоран Заев ќе оди во затвор за овие работи кои што ги прави и тоа со легитимно македонско судство. Зоран Заев е реформатор на македонското правосудство, Зоран Заев држи во заложништво уметници како Борис Дамовски, како Игор Дурловски, како Владо Јовановски, како Богдан Илиевски, како пратеници со активен пратенички мандат, напазарџиски ги лиферува нивните животи и се пазари со нивните судбини и со судбините на нивните семејства, вели Иванка Василевска, во нејзиното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Tаа смета дека Заев треба да го признае неговиот удел во настаните од 27 април од Собранието, додавајќи дека апсурдно е притворањето на граѓаните после 7 месеци од настанот со квалификација на обвинение за сторено кривично дело загрозување на уставниот поредок – тероризам, додавајќи дека нивната единствена грешка е што ја сакаат татковината и што ја пееле македонската химна.