Неодамнешното британско истражување покажа дека жените почнуваат да се претвораат во своите мајки кога ќе наполнат 31 година.
Анкетата открива дека жените и со своето однесување и во однос на вкусовите сѐ повеќе личат на мајките, кога ќе зачекорат во четвртата деценија, а дека главната пресвртница е раѓањето на првото дете.
Повеќе од половина од испитаничките изјавиле дека престанале да им се противат на своите мајки и почнале да се однесуваат како нив по 30-та година. Заклучок од истражувањето е дека клучна година за овие промени е 31-та.
Педесет и еден процент од илјада испитанички, кои биле опфатени со истражувањето, изјавиле дека нивната мајка е жената на која најмногу се угледале во животот. На второ место е сестрата (18%), на трето бабата (10%), а на четврто другарките (8%).
Повеќе од една третина од нив изјавиле дека најмногу се зближиле со мајката по раѓањето на првото дете.
Дека жените сѐ повеќе личат на своите мајки по 31-та година, покажува и податокот дека, тогаш почнуваат да уживаат во истите ТВ емисии и серии (24%), дека имаат исто хоби (16%), дека користат исти изрази (15%) и дека ги привлекуваат исти типови на мажи (8%).
Истражувањето го нарача компанијата „Доти Бинго“, откако претходно во анкетата е утврдено дека 80% од жените, кои играат бинго ова хоби го наследиле од нивните мајки, баби или други женски роднини.