Економија 08.11.2018 12:47

Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие

Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие

До 2030 година Кина може да ја истисне Франција од првото место по посетеност и туризам, посочува новиот извештај на Евромонитор Интернајшнл.

Туризмот моментно е меѓу најразвиените гранки на кинеската економија, а на тоа влијае и визната либерализација. Скоро 80 отсто од туристите кои влегуваат во земјата, се Азијци, а најмногу од Хонг  Конг и од Тајван.

Од почетокот на годинава, забележани се 4,7 милијарди патувања, а претпоставките говорат дека до 2023. тој број ќе порасне за 42,5 oтстo.

Најнови вести