Актуелно 16.05.2018 10:30

Македонија нема капацитет да ги искористи европските фондови

Македонија нема капацитет да ги искористи европските фондови

Пари има, луѓе нема. Или поточно нема кадарни вработени во администрацијата кои ќе им овозможат на земјоделците и фирмите од Македонија да ги земат европските пари. На само две години од истекот на ИПАРД 2 програмата, од предвидените 80 милиони евра, повлечени се само 4,6 милиони или 5,75 отсто од парите. На првиот оглас, одобрени биле само околу 10 отсто од доставените апликации.

„Интересот е навистина голем, самата бројка од 1.648 апликации на првиот повик во ИПАРД 2 кажува дека интересот навистина и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија е доста голем“, изјави Никола Бабевски, директор на Агенцијата за финансиска поддрша во земјоделството и руралниот развој

А за да сме ги земале парите, ќе ни помагаат словенците. Ни порачаа дека не е лесно да се дојде до европските пари зашто процедурите се комплексни и бирократски комплицирани. Но и дека нашата администрација треба да има конкретно знаење, но и конкретно да им помогне на терен за земјоделците и на фирмите. Платежната агенција на Словенија 99,9 отсто е компјутеризирана и работи електронски.

„Важно е општините да аплицираат за проекти за искористување на овие средства. Има многу можности за проекти кои се помали, на пример од 10, 20 или 50 илјади евра и тоа лесно може да се нарави“, вели Милан Јазбец, амасадор на Словенија

Македонија досега искористила само 17% од средствата од ИПАРД програмата, а тоа Европската Комисија во последниот извештај за напредокот го квалификува како незначително.

 

Извор: Алсат