Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави денеска дека проблемот во врска со барањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за азил во Унгарија е од правна, а не од политичка природа, јави дописникот на МИА од Приштина.
-Тоа е правно, а не политичко прашање. Останува на нашите надлежни служби да го разгледаат барањето на Груевски, одговори кратко Сијарто на новинарско прашање на прес-конференцијата што попладнево во косовскиот главен град ја одржа заедно со неговиот домаќин и хомолог Беџет Пацоли