Актуелно 17.11.2018 14:08

СДСМ ќе земе од граѓаните и ќе потроши милијарда евра повеќе во однос на 2013 година

СДСМ ќе земе од граѓаните и ќе потроши милијарда евра повеќе во однос на 2013 година

Во јавноста излегоа информации за планираниот буџет за 2019 година. Имено, според експертите  ова е историски најголемиот буџет на Република Македонија од 3,7 милијарди евра кој го проектираше  Владата предводена од СДСМ.

Економистите велат дека буџетот не е е добро скроен и дека воопшто не е развоен. Додатно во минатото додека СДСМ беше во опозоција постојано имаше критики кон тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ за големината на буџетот и за јавниот долг. Во  реакциите тогашната опозиција кометираше дека огромен долг е и 28 % од БДП и дека економијата оди во пропаст  додека до 2020 година планирано е јавниот долг да достигне и над 50 % од БДП што сега за СДСМ  е нормално.

Доколу се направи споредба со буџетот од 2013 година кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт со буџетот планиран за 2019 година разликата е една милијарда евра. Така буџетот во 2013 година изнесувал 2,6 милијарди евра додека буџетот за 2019 изнесува 3,7 милијарди евра или  една милијарда евра повеќе.  Во 2013 година вкупните планирани расходи изнесувале 165.652.000 додека за 2019 година 228.548.000 денаари.

Експертите велат дека во буџетот се предвидени и повисоки плати на администрацијата  и тоа за 20 милиони повеќе од лани која според нив  и онака е преобемна  и исто така  критикуваат дека со ваквиот начин нема да се подобри ефиксноста на институциите.

Познавачите велат дека СДСМ сега го спроведува токму она што го критикуваше години наназад а тоа е креирање на огромни буџети и преоптимистички проекции за раст на економијата додека задолжуваата континуирано растат. На ваков начин и онака слабата  македонска економија се носи по мноу опасен пат коментираат економистите.