Економија 16.05.2018 13:06

Нафтата се приближува до 80 долари за барел

Нафтата се приближува до 80 долари за барел

 

Цените на нафтата се зголемија за време на почетокот на азиската сесија и сега се на нивоа како пред три и пол години.

Нафтата од типот „Брент“ поскапе до 78.3 долари за барел, а американската лесна сурова нафта – до 71.9 долари за барел.

Причините за денешното зголемување може да се бараат во позицијата на ОПЕК дека презаситеноста на пазарот што се набљудува во последните неколку години, практично е елиминирана. Тензиите на Блискиот Исток и неизвесноста околу ситуацијата во Иран, исто така, ја поддржаа цената.

“Посветеноста на Саудиска Арабија и остатокот од ОПЕК кон намалувањето на производството е главен фактор за одржување на цената во моментов, како и можноста за намалување на извозот од Иран поради нови санкции”, рече Вилијам О’Лоулин, инвестициски аналитичар во Rivkin Securities.

Од почетокот на 2018 година, вредноста на Брентот е зголемена за 18%.