Актуелно 23.11.2018 19:44

Јанков: Средствата во буџетот издвоени против аерозагадувањето се смешни

Јанков: Средствата во буџетот  издвоени против аерозагадувањето се смешни

Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија  на тема „До кога ќе се гушат граѓаните “ гостуваа Невенка Георгиева од 02 Иницијативата и Андреа Јанков од„ Го сакам Водно“.

 

Андреа Јанков кажа дека загадувањето е комбинација од незаинтересираноста на институциите да спроведат мерки и смешно малите средства издвоени во буџетот за оваа потреба.

 

„Средствата во буџетот издвоени за борба против загадувањето се смешни. “ – кажа Јанков.

Тој истакна дека Владата и институциите воопшто не даваат приоритет на овој проблем кој е од огромно значење.