Париската полиција употреби солзавец и воден топ против демонстрантите, кои и овој викенд протестираат против покачувањето на цената на горивото и економските политики на претседателот Макрон.
Протестите на авенијата Елисејски полиња станаа насилни, кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, поставен за да се заштитат знаменитостите во центарот на градот. Градот распореди повеќе од 3.000 полицајци, при што властите им забранија на таканаречените „жолти елеци“ да се собираат на некои локации, стравувајќи дека протестите би можеле да бидат злоупотребени од крајната десница.
Околу 30.000 демонстранти го повикаа Макрон да поднесе оставка, откако цената на дизелот скокна за 23% во последните 12 месеци. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер ја обвини лидерката на крајната десница Марин Ле Пен за насилствата.
„Таа ги повика луѓето да дојдат на Елисејските полиња и видовме ултрадесничари како поставуваат бариери. Совршено ја предвидовме ситуацијата“, изјави Кастанер, со кого се согласија и мирните демонстранти.
„Мала група луѓе прави проблеми. Ние само сакаме да го искажеме нашето право на протест, немаме намера да се тепаме со полицијата“, кажа еден жител на Париз.Vo