На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицовски.
Мицовски истакна дека Владата сака во еден период на спроведување на уставните измени да го протне законот за прогресивно оданочување набрзина и по скратена постапка за кој не беше консултирана ниту експертската јавност.
„Владата во период на спроведување на уставни измени сака на мала врата по скратена постапка да го помине законот за прогресивно оданочување“ – кажа Мицовски.
Тој потенцираше дека ваквата реформа воопшто не е прифатена од граѓаните и дека воопшто немало можност да се дискутира за истата.