Актуелно 27.11.2018 10:33

Катастрофално ниска реализација на капиталните трошоци до октомври – економијата се повеќе тоне

Катастрофално ниска реализација на капиталните трошоци до октомври – економијата се повеќе тоне

На официјалната страна на Министерството за финансии излезе извештајот за извршување на буџетот за октомври  2018 година. Во него реализацијата на капиталните трошоци е едвај 40 %. Експертите велат дека продолжува лошата динамика на реализација на капиталните инвестиции што ќе има огромно негативно влијание врз и онака слабата македонска  економија.

Владата секој месец ветува дека во наредниот период ќе се подобри реализацијата на капиталните инвестиции но како што велат експертите помина веќе цела година и досега Македонија има најнизок степен на реализација на капитални трошоци.

Ова според економистите е тесно поврзано со градежништвото кое е во континуиран пад  а е гранка која е главниот учесник во градењето  на Бруто домашниот производ.

Познавачите потенцираат дека ова негативно ќе се одрази на растот на БДП оваа година. Ова го сметат  и огромен број на реномирани странски финансиски институции и организации како ММФ и Светска Банка кои на неколку наврати направија надолна корекција  на  стапката на економски раст кој беше проектиран на 3,2 % за сега да достигне процент од  едвај 2 % според  последниот извештај на Европската комисија.