Чуден објект е пронајден на Антарктикот. Откриен е со помош на апликацијата Гугл ерт и никој не знае за што станува збор. Мистериозниот објект беше откриен по топење на мразот на Антарктикот.
Објектот, составен од низа градежни структури во должина од околу 1.500 километри, предизвика бројни шпекулации и теории на заговор на интернет корисниците. Многумина мислеле дека станува збор за некоја од истражувачките станици, со оглед на тоа дека повеќе од нив се наоѓаат на овој континент, но се покажало дека тоа не е случај.
“Мислев дека објектот бил користен за истражувачки цели. Но, погледнав во координатите и на неколку локации за сите познати истражувачки станици на Антарктикот, а најблиска е норвешката, која се наоѓа на 320 километри”, вели еден истражувач на паранормалните активности познати под прекарот “Конспириси Депо”.
Еден интернет корисник се запрашал дали откритието е всушност нуклеарен бункер за светските моќници и на власта, пишува британскиот Express, додека други воочиле дека оваа област на Антарктикот изгледа како да е покриена со лента за возила, а се гледа како да постои и писта.
Друг истражувач Florida Makius привлече уште поголемо внимание на оваа теорија на заговор кога потврдила дека мистериозниот објект бил видлив до 2001. година. Од година во година го погледнала местото и си ркла: “Ова е такво ужасно место какво никогаш не сум го видела во својот живот”.
Потоа додаде “дека изгледа како писта и некој вид оперативен центар”.
Но, до сега, останува необјаснето каков всушност е овој објект.