Домашните инвеститори се приоритет и константа и би требало истото да важи за сите влади, но она што отсуствуваше во минатото се странските директни инвестиции и политиките на ВМРО-ДПМНЕ покрај поддржувањето на константата и во минатото и во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе биде партнер на Стопанската Комора на Република Македонија и ќе има континуирани средби со бизнис заедницата, потенцираше Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-За нас константа претставуваат домашните инвеститори и прв приоритет, она што отсуствуваше во минатото се странските директни инвестиции, додека ВМРО-ДПМНЕ беше Влада во Македонија го отвори тој процес и голем дел од странските инвеститори дојдоа и инвестираа во Македонија, а сега гледаме дека тој процес сега не постои. Имавме само отворање на неколку погоди изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2018 година и за жал од тогаш па до денес ние гледаме дека нема ниту една најава, ниту дека ќе имаме некаква странска инвестиција. Оваа влада не води кон заклучокот дека оваа влада го напушта пристапот на директни странски инвестиции и затоа велиме кога новата влада во Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ покрај онаа поддршка што ќе ја добиваат македонските компании, ќе се обидеме да внесеме странски инвестиции, истакна Мицкоски.