На денешната собраниска седница за нацрт амандманите имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски кој кажа дека договорот со Грција е штетен и е против националните интереси на државата. Тој истакна дека повеќе од половина од пратениците се против овој договор и дека граѓаните јасно кажале на референдум дека се против договорот со Грција.
„. Треба да промени Устав и треба да си го промениме името на сопствената држава и тоа го терате без поддршка. Договорот е штетен, договорот е против националните интереси, договорот задира во секој граѓанин на оваа држава. “- кажа Илиоски.
Тој исто така потенцираше дека договорот со Грција кој го потпиша Владата во општеството место сплотеност донесе разделеност, и дека место политички договор сега постои огромно политичко разидување.