Актуелно 09.12.2018 18:13

„Наместо министерот да поднесе оставка по смртта на пациентот за кој немаше терапија, тој изјавува дека човекот немал среќа“

„Наместо министерот да поднесе оставка по смртта на пациентот за кој немаше терапија, тој изјавува дека човекот немал среќа“

Каде се оние 100.000 денари плата за македонските доктори? Шеташе Заев по плоштадите и ветуваше брда и долини, ветуваше мед и млеко, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на протестниот марш во Кочани.

-Наспроти тоа добивме масовно иселување на докторите. Заминуваат трајно или времено надвор. Зарем не е црно здравството во кое ветуваа огромни инвестиции. Ветуваа ќе вложеле милиони, милијарди. А што направија? Еден сограѓанин мој, скопјанец, го загуби животот, почина затоа што не му следувале лекови да ја надмине тешката болест од која што боледувал. И денес ќе го слушнеме оној несреќен министер, наместо да каже дека поднесува неотповиклива оставка, тој вели дека обезбедил лекови, ама пустиот човек немал среќа да дојде, па починал. Срам да ви е, од прв до последен. Барем еден да се одважеше да понесе одговорност, порача Мицкоски.