Актуелно 10.12.2018 20:04

Бесплатен јавен превоз, да, ама минималната плата им е 1.999 евра

Бесплатен јавен превоз, да, ама минималната плата им е 1.999 евра

Според податоците на Eurostat, 22 од 28 земји членки на ЕУ имаат национална плата, а заедно
со нив и сите земји кандидатки за членство – Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија и
Турција.

Минимална плата немаат само Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.
Висината на бруто минималната плата во членките на ЕУ драстично варира од земја до земја –
од 261 евра во Бугарија, до 1.999 евра во Луксембург.
Во првата група има девет земји – со минимална бруто плата до 500 евра. На дното е
споменатата Бугарија, а на горната граница се Полска и Словачка со минималци од 480 евра.

Во втората група се шест земји – со минимална плата меѓу 500 и 1.000 евра. На долната
граница во таа група е Естонија – со точно 500 евра, а на горната е Шпанија – со 859 евра.
Во третата, најбогатата група, се земјите во кои минималните примања надминуваат 1.000 евра.
На долната граница во оваа група е Велика Британија, а на врвот предводи Луксембург, каде
минималната плата е 1.999 евра.

Со минимална бруто плата од 282 евра, Македонија има 7 пати пониска минимална плата од
Луксембург.
Не за џабе Луксембург е првата земја што воведува целосно бесплатен јавен превоз.
Инаку, според растот на минималната плата во последните 10 години, најбрзо напредуваат
Романија и Бугарија. Земјата каде минималецот најбавно се зголемува е Хрватска, но со
најновите покачувања за 2019-та, таа ќе се искачи во втората група – со минималец од 506
евра.