Актуелно 11.12.2018 11:34

Мицкоски: Економската политика на Владата е катастрофална

Мицкоски: Економската политика на Владата е катастрофална

Изминатиов период сведоци сме на една катастрофална политика од областа на економијата што ја води Владата на СДСМ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, за време на состанокот во Сојузот на стопанските комори (ССК).

Пред претседателката на Сојузот, Данела Арсовска, Мицкоски ја презентира економската програма што ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ. Тој уверува дека оваа програма ќе одговори на најголемиот дел од реалните потреби и проблеми на граѓаните.

„Оваа средба ќе биде практично почеток на една поинтензивна соработка. Тука сме да ги прифатиме сите оние совети и критики што доаѓаат од апликативната дејност од вистинската економија. Ние сме свесни дека без добра економија немаме добар развој и како држава но и како општество“, рече Мицкоски и додаде дека секој мора да учи од грешките.