Компании,Економија 11.12.2018 19:31

Ова се најиновативните компании во светот

Ова се најиновативните компании во светот

Иновацијата го движи светот напред. Тoa се оние технолошки и организациски решенија, понекогаш навидум мали, но успеваат да ги решат големите проблеми на општеството. Затоа и чини скапо да се најде и да се примени.

PwC го објави своето Глобално Иновативно Истражување за 2018 година во кое ги анализира 1000 компании кои најмногу инвестираат во истражување и развој (R & D).

Врз основа на извештајот, HowMuch произведе еден чуден графикон илустрирајќи ги најголемите иноватори во светот.

Еве ги првите 10 компании кои најмногу потрошиле за истражување и развој во 2018 година:

1. Amazon (САД): 22,62 милијарди долари

2. Alphabet (САД): 16,23 милијарди долари

3. Volkswagen (Германија): 15,78 милијарди долари

4. Samsung Electronics (Јужна Кореја): 15,31 милијарди долари

5. Intel (САД): 13,10 милијарди долари

6. Microsoft (САД): 12,29 милијарди долари

7. Apple (САД): 11,58 милијарди долари

8. Roche Holding AG (Швајцарија): 10.80 милијарди долари

9. Johnson & Johnson (САД): 10,55 милијарди долари

10.Merck & Co. (САД): 10,20 милијарди долари

Најнови вести