Финансии 21.05.2018 10:53

Фонтаната ди Треви во 2017-та заработи 1,4 милиони евра од фрлени монети

Фонтаната ди Треви во 2017-та заработи 1,4 милиони евра од фрлени монети

Тешко дека некој не слушнал за Фонтана ди Треви во Рим, или пак не ја посетил доколку имал шанса.
Кога се зборува за Рим, Фонтана ди Треви е во топ 5 атракциите кои мора да ги видите и посетите.

Туристите веруваат во легендата дека фрлањето паричка во фонтаната ќе им ги исполни желбите.
Но, што кога ќе ги соберете сите парички кои биле фрлени во текот на 1 година? Колкава е нивната
вредност?

Оваа 2017-та година фонтаната „заработила“ 1,4 милиони евра.
Целиот приход со години оди во добротворни цели.

Фонтаната имала помала заработка во 2014-та и 2015-та година, кога локалните власти решија да ја
обноват.
Реставрацијата на Фонтана ди Треви ја фасцинираше модната куќа Фенди, која својот роденден
минатата година го прослави со ревија над самата фонтана. Сигурно и тоа има голем удел во
милионската заработка.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.