Живот 14.12.2018 22:28

Уште една добра причина за утрински секс

Уште една добра причина за утрински секс

Сексот генерално е добар за вас: го намалува стресот, го зајакнува имунитетот, помага за смирување болки, ја подобрува меморијата, ве одржува во добра физичка форма, ве подмладува, го штити срцето…

Утринскиот секс има уште една предност – ве прави попродуктивни на работа.

Истражувањето што го спроведе Mattress Advisor на речиси 1.000 испитаници кои живеат со нивните партнери покажа дека голем дел од нив сметаат дека се попродуктивни во текот на денот ако имале утрински секс.

Всушност, 53% од мажите рекле дека утринскиот секс има позитивно влијание на нивната продуктивност, а повеќе од 45% од жените го потврдиле тоа.

Сепак 33% од мажите и 43% од жените сметале дека сексот наутро нема некој посебен ефект на нивната продуктивност, додека 7% од мажите и 12% од жените рекле дека се чувствуваат помалку продуктивни.

Кога требало да ги рангираат утринските активности за добар ден, оние кои се изјасниле дека се попродуктивни рекле дека утринскиот секс им е на четврто место на листата на приоритети, по одењето во веце, пиењето кафе и туширањето.

Мажите биле повеќе подготвени да го жртвуваат спиењето на сметка на сексот (мажите би се откажале од 41,5 минути сон во просек, а жените од 30,7 минути).

За да не мора да жртвувате ништо, организирајте се подобро: подгответе ја облеката од претходниот ден, вежбајте вечерта наместо да трчате сабајлето, читањето мејлови оставете го за по пат до работа.

Ако почесто имате секс наутро, ќе успеете полесно да го вметнете во вашата утринска рутина.

Најнови вести