Минатата година глобалниот долг достигна рекордни 184 илјади милијарди долари, што е еквивалентно на над 86.000 долари по човек, и оваа сума е двојно повисока од просечниот приход по глава на жител.
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во задолжување предводат САД, Кина и Јапонија, трите најголеми економии, посочувајќи ги потенцијалните ризици за глобалниот раст, бидејќи нивниот глобален долг е повисок од глобалниот БДП, објави Блумберг.
Сè на сè, износот на светскиот јавен и приватен долг изнесува околу 225 отсто од бруто домашниот производ.
Податоците на ММФ за долгот се повисоки за 2.000 милијарди од претходната проценка на Фондот објавена во октомври, со оглед на тоа што беа внесени индикатори кои го опфатија и крајот на 2017 година и неколку земји кои не доставиле ажурирани податоци претходно.
ММФ користи податоци од 1950-тите од 190 земји за да го подготви овој извештај.