Знам луѓе лигуши…
Ги среќавам… и ги запознавам… Свесна сум дека постојат… Но, не можам а да не се начудам како функционираат и како мислат дека другите луѓе не знаат дека се лигуши …
Тие за секој сакаат сѐ да знаат … а својот живот го држат во тајност…
Сакаат да коментираат туѓи постапки и да ви дадат грижливи совети за да бидат насмеани … а по 3 или 4 чекори понатаму, зборуваат за вас глупости …
Не ги сакам лигавите луѓе.
Кои дома не смеат ниту да писнат … а на други места изигруваат мангупи и некои личности кои всушност не се …
Случајно, имам изложбен салон во близина на еден човек кој е така, како бабите би кажале, “како ветрот дува”. Ако смета дека е подобро да се молчи … молчи … ако смета дека е подобро да се коментираат туѓите животи и постапките така и прави … a кога ќе види дека има корист од било каква информација која ја поседува, таа информација станува деллива … и се шири …
Не ги сакам лигавите луѓе!
Кои одат и ги ставаат носовите каде што не им е место… кои се шегуваат на туѓа сметка, а на своја речиси никогаш …
Кои мислат дека ја испиле целата мудрост на светот, затоа што им се молчи и не одговара на нивните провокации и сместувања …
Затоа тие и се лигуши …
И чисто ете да се знае … кога ќе забележам дека човекот е лигуш тогаш избегнувам да бидам во неговата близина. A, баш кога морам… бегам од неговата слузава трага …
Помалку или повеќе ги има насекаде … но сè уште не ми е јасно како самите на себе не си се лигави.