Актуелно 20.12.2018 16:45

Трипуновски со докази го побива Костадинов од СДСМ: Излажа само за да го покриеш политичкиот реваншизам

Трипуновски со докази го побива Костадинов од СДСМ: Излажа само за да го покриеш политичкиот реваншизам

Kостадин Костадинов, лажеш. Лажеш исто како што лаже министерот Љупчо Николовски и твојот лидер Зоран Заев, порачува Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Целосно е неточно тоа што го кажа во синоќешната емисија на националната телевизија дека сум бил избркан од работа заради тоа што сум ги држел пресовите во работно време. Излажа дека сум ги држел пресовите во 12 часот, а тие се емитувале во вестите во 15 часот само за да го покриеш политичкиот реваншизам и неспособноста во земјоделството на твоите налогодавци. Еве ја вистината. Поканите за пресовите се испраќани во 14:41,а пресовите беа држани после работното време во 15:55 часот, истакна тој.

 

 

-Дополнително за ваша информација ви доставувам извод од системот за евидениција на работното време издаден од софтверот на министерството од кој се гледа дека наведените пресови се оддржани надвор од работно време. Јасно е, вас не ви е проблем што пресовите се држени надвор од работно време, проблем ви е што ВМРО-ДПМНЕ е на страна на земјоделците и одбива да ги премолчи катастрофалните политики кои ги реализирате, пишува Трипуновски.

-Г-дин Костадинов очекувам да се извиниш за изречените лаги, а во спротивно ќе бидам приоморан да поднесам тужба за клевета, порача Трипуновски.