Со помош на музиката детето полесно ќе се разбере себе си и својот однос со другите и ќе воспостави врска меѓу домот, училиштето и околината.
Родителите на различни начини можат да го поттикнат развојот на односот меѓу детето и музиката и да му помогнат да го искорисат својот потенцијал.
Пред раѓањето
Плодот во 20. недела по зачнувањето е во состојба да ги слушне звуците. Во овој период пејте му и свирете му на нероденото бебе.
Од раѓањето до 18 месеци
Од зачнувањето до 18 месеци бебето забрзано се развива, а неговата реакција на музиката е од големо значење за севкупниот развој на детето.
Непосредно по раѓањето, бебињата можат да слушнат високи тонови и да бидат смирени со ниски. Исто така се во состојба да го лоциираат звукот пред себе. Ќе се потргнат доколку слушнат ненадеен, силен звук.
На четири недели повеќе ќе им одговараат високи тонови и ќе почнат да реагираат на вашиот глас. Ќе почнат да разликуваат дали звукот доаѓа од напред или одзади.
Во третиот месец активно одговараат на музиката, така што на пример почнуваат да се нишаат или да се движат кон изворот на звук и почнуваат да пеат самогласки како: „аааа“, „ееее“ и „ооооо“.
Во 20-та недела, почнуваат да препознаваат гласови и да одговараат поинаку на оние, кои им се непознати.
Кога ќе наполнат 28 недели, детето е во состојба да се движи кон звукот, кој доаѓа одозгора и одоздола, како и да препознава песнички.
На девет месеци реагираат на познати песни.
На возраст од една година бебето ја губи способноста да ги слуша високите звуци, но почнува да открива нови музички ритами и самостојно да произведува звуци, тропкајќи со предметите околу него.
Што можат родителите на направат?
Направете музиката да стане дел од секојдневните на бебето. Кога бебето прави звуци, одговорете му на ист начин. Фатете ги рацете на бебето и удирајте во ритамот на некоја едноставна песна. Пејте и играјте заедно. Бебињата сакаат повторување. Пејте ја неговата омилена песна повеќе пати.