Постојат луѓе кои свесно или несвесно постојано се заљубуваат во оние кои не можат да ги имаат, или пак кои не се за нив.
Овен
Тие се исполнети со храброст и самодоверба. Овните се многу силни личности кои секогаш се убедени дека се во право. Затоа и често се уверени дека љубовта е вистинска. Кога и да се заљубат, тие ја преземаат улогата на спасител и мислат дека со својата упорност можат секоја љубов да ја претворат во реалност. Но, штом сфатат дека згрешиле, стануваат многу депресивни и се обвинуваат себеси долго.
Бик
Биковите се практични и лојални. Тие сакаат интимност и љубов, но нивната лоша страна е нивната тврдоглавост. Навикнати се да се борат за тоа што го сакаат и да го добиваат тоа, но на крајот често прават кобна грешка која скапо ги чини. Биковите често кога ќе сретнат погрешна личност си ветуваат себеси дека никогаш веќе нема да сакаат, но тоа не трае предолго.
Рак
Раковите највеќе патат од сите знаци, бидејќи целосно се вложуваат со сите чувства во секоја љубов која ќе им дојде во животот. Нивната чувствителност често ги заслепува и се заљубуваат во луѓе кои не им одговараат.