Слушањето на омилената музика го зголемува нивото на допамин, невротрансмитер кој е заслужен за концентрацијата, па поради тоа музиката е одличен мотиватор на работа, посебно ако се работи за здодевни рутински задачи при што лесно може да се изгуби фокусот…
Покрај тоа што помага при фокусирањето, музиката го крева расположението и отпушта, но и ги зближува колегите, посебно оние со сличен музички вкус. Исто така, дава чувство на приватност и на контрола над просторот бидејќи слушателите се фокусираат на еден звук наместо на многуте извори на канцелариска бучава, вели д-р Николаи Дибен од музичкото училиште ‘Шефилд’.
Но музиката може да биде и фактор за разединување, особено ако вработените се навикнати на слушалки бидејќи така се спречува комуникацијата меѓу колегите, што може да биде доста стресно, предупредува Дибен. Затоа е најдобро вработените меѓусебно да се договорат за изборот на музиката, но и за гласноста која ќе им одговара на сите.
Многу истражувања докажале дека одличен избор е класичната музика, која има позитивно влијание врз психата и врз ентузијазмот за работа, како и џезот, кој ја поттикнува креативноста, и евергрините, кои се заслужни за добро расположение. Дибен вели дека луѓето кои слушаат музика се покреативни и побрзи во решавањето на проблемите.