Новогодишните бои имаат и религиозни и историски корени, па секоја боја во себе носи различно значење и привлекува некаква енергија во вашиот дом. Еве што треба да знаете за значењето на боите пред да го накитите вашиот дом за престојните празници.
Зелена
Поради отпорноста на зимзелените дрвја на различните временски услови, луѓето верувале дека се магични и мистични. Оттогаш, зелената боја се смета за бојата на животот. Старите Римјани го прославувале повторното раѓање на Сонцето со закачување на зимзелени гранки на вратите и на ѕидовите. Подоцна, кога Црквата почна да го слави Божик, христијаните продолжиле да китат со зимзелените венци, како украс и симбол за повторното раѓање. Така и самата зелена боја, заедно со црвената, стана симбол за овие празници.
Црвена
Симболизира крв и смрт, а тоа се едни од причините зошто луѓето почнале да додаваат црвени бобици на зелените венци. Потоа, прво почнале да закачуваат црвени јаболка на дрвјата, а со времето почнале да украсуваат дрва во своите домови. Црвена е бојата на оделото на Дедо Мраз, а тоа доаѓа од облеката на бискупите, кои носеле црвени наметки и облеката на Свети Никола. Оваа боја симболизира љубов, интегритет и доверба.
Златна
Бојата на сонцето и светлината е многу важна во зима, кога најмногу ни недостигаат. Таа е поврзана со Божик затоа што еден од мудреците кои го посетија бебето Исус, носеше злато и му го подари. Тоа е и бојата на ѕвездата, која мудреците ја пратеа за да стигнат до него. Златната симболизира и долг живот.
Бела
Белата е бојата на мирот и чистотата, но и снегот. Порано за украсување на дрвата се користела и бела хартија.
Сина
Порано, сината боја била поскапа од златната. Сино носеле само богатите. Тоа е боја на небото и на водата и симболизира богатство.
Виолетова
Се смета за една од најважните бои, бидејќи симболизира пост и воздржување. Тоа е кралска боја која ја демонстрира сувереноста на Исус.
Розева
Не симболизира само љубов и радост, туку и промена на сезоната. Одлична е доколку ви треба промена и нова перспектива.