Актуелно 27.12.2018 10:44

Грција догодина уште поскапа

Грција догодина уште поскапа

По значителното зголемување на сообраќајните казни во Грција оваа година, возачите очекуваат повисоки патарини во новата година.

Според новиот метод за пресметување на цената на патарина по километар, од 1 јануари 2019 година, во Грција, ќе се зголемат цените на патарините.

Новиот начин на наплата ја зголемува цената на патарини за автомобили од 0,03 до 0,05 евра по километар, што ќе ги зголеми патарините од 66 до дури 150 проценти на некои патишта, пишува порталот Grckainfo.com.