Економија 30.12.2018 13:54

ВМРО-ДПМНЕ: Само функционерите на СДСМ гледаат економски успех во изминатата година

ВМРО-ДПМНЕ: Само функционерите на СДСМ гледаат економски успех во изминатата година

Никој во државата, ниту експертите, ниту стопанствениците, ниту работниците, ниту младите, ниту пензионерите, ниту било која друга категорија на граѓани, освен функционерите на СДСМ, не гледаат економски успех во изминатата година. Напротив тие гледаат назадување, осиромашување и колапс. За жал истото не очекува и за идната 2019 годинареагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На ранг листата за водење на бизнис на реномираниот „Форбс“ сме паднати на 68 место, освен сендвичарница никакви странски инвестиции не видовме, домашното стопанство криминалниот картел го натовари со поголеми даноци и давачки.

Граѓаните се соочија со пад на стандардот поради поскапувањето на горивата и зголемувањето на акцизата, поскапеа паркинзите, поскапе водата, се најавува поскапување на лебот.

Поради неспособноста на власта задолжувањето стана секојдневие, а јавниот долг галопирачки порасна на над 5 милијарди евра. Потрошија цел буџет а никакви капитални инвестиции не видовме, бидејќи реализацијата на оваа ставка не надмина ни 50% реализација. Нема градинки, нема училишта, нема болници, нема нови автопати.

Годината ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст на БДП во Европа и регионот, а за идната година сме предвиделе досега рекорден буџет што значи рекордно зафаќање на средства од крахираната економија.

Едноставно кажано, се тоне, освен бизнисите на криминалниот картел на власт и корупцијата кои цветаат. Оттука на јавноста им е јасно зошто САМО СДСМ ја гледа 2018 година како успешна година“-порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.