Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 800 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Со оваа нова инвестиција од 800 акции, како и претходната од 1.200 купени акции од Банката со која раководи, г-н Хари Костов се повеќе го зголемува својот акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 4.300,00 денари.