Мозаик 08.01.2019 13:20

Шест годишно девојче се спасило од смрт со помош на Фејсбук

Шест годишно девојче се спасило од смрт со помош на Фејсбук

Шестгодишно девојче од американската сојузна држава Мичиген се спасило од речиси сигурна смрт откако се засолнило и објавило фотографија од нејзиниот мртов татко на Фејсбук.

На сликата се гледало како нивното куче пит-бул териер го јаде лицето на мртовецот, па по објавата, роднините на девојчето веднаш повикале итна помош. Тоа го спасило и животот на девојчето и на нејзината маќеа.

Откако дошла полицијата, маќеата била пронајдена предозирана и без свест, и веднаш била пренесена в болница.

– Девојчето спаси еден живот, ама преживеало траума од грозоморниот настан, изјави локалниот началник.

Идентитетот на лицата вклучени во овој настан не се открива.

МИА

Најнови вести