Живот 15.01.2019 11:04

Твоите деца нема да бидат гладни: Наташа барала 100 евра на заем од колега!

Твоите деца нема да бидат гладни: Наташа барала 100 евра на заем од колега!

Наташа Беквалац и Саша Ковачевиќ дале заедничко интервју во кое еден за друг откриле многу работи. Меѓутоа она што Саша го кажал, запрепастило многумина.

Имено, панонската барбика е позната како некој што сака да се шегува на своја сметка, доста пати брилјира со изјавите, но овој пат се надмина себеси.

„Наташа неодамна ми бараше 100 евра на заем, но бидејќи ни кај мене ситуацијата не е сјајна, не можев да и излезам во пресрет, но и реков дека секогаш може бесплатно да јаде во мојот ресторан“ – се пошегувал Саша. Наташа веднаш возвратила „Така е, рекол: Додека сум јас, ти и твоите деца нема да бидете гладни. Задоволна сум со понудата, бидејќи ниту еден маж досега не ми рекол нешто вака роматично„ – се надоврзала Ната со смеа.